Во првиот квартал годинава во земјава се регистрирани 9.075 слободни работни места, од кои според дејности, најголемиот број се во преработувачката индустрија – 2.482, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според статистичките податоци, стапката на слободни работни места изнесува 1,81%. Највисока стапка на слободни работни места (4,1%) има во секторот административни и помошни услужни дејности, а најмала е стапката во секторот образование (0,47%).
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,22%. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места – 2,8%.
Според струки, најмногу слободни работни места, односно 2.878, има во петтата група ‒ работници во услужни дејности и продажба. Следуваат 1.668 техничари и сродни струки, 1.263 кај групата елементарни струки, 1.058 ракувачи и составувачи на машини и постројки. Регистрирани се и 720 слободни работни места од струката службеници, 609 во групата експерти и научници. Има и 34 слободни работни места во групата членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.
Гледано по дејности, статистиката евидентира најмногу слободни работни места (2.482) во преработувачката индустрија. Следуваат трговија на големо и на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли (1.695), па административните и помошните услужни дејности (933).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.