Македонија

„Баерсдорф“ донира на национални здруженија во Македонија

29 May 2020

Компанијата „Баерсдорф“, донираше 5.000 евра во рамки на својата меѓународна програма за поддршка на колективната борба на општеството против ширење и влијание на Ковид-19, на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија.

Програмата за директна поддршка е во согласност со новиот концепт на компанијата „Care Beyond Skin“ и ја покажува одлучноста на компанијата да оди пошироко од својата основна дејност, негата на кожа, и да даде максимален придонес за општеството и планетата.

Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 во многу краток временски период стана закана по здравјето и речиси го замрзна социјалниот живот, што досега беше незамисливо. Со овие донации, „Баерсдорф“ сака да обезбеди поддршка на националните организации кои им помагаат на сите луѓе на кои им е потребна помош во овие тешки времиња, како што е и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, истакна Бранко Котарац, генерален директор на компанијата во Хрватска.

Кон крајот на март, „Баерсдорф АГ“ ја објави својата меѓународна програма за поддршка. Групацијата има намера да додели грантови од 50 милиони евра за да помогне во управувањето со кризни ситуации, особено во епицентри на болести, како и за региони со неразвиени здравствени системи и лоша инфраструктура. Непосредните мерки вклучуваат низа преземени активности, како што е меѓународна донација од 1.000.000 литри средства за дезинфекција. Донации од најмалку 5.000.000 Nivea производи за нега на кожата и рацете се дистрибуирани на медицинскиот персонал ширум светот, чија кожа во моментов е особено изложена на различни влијанија.

Мерките за итни случаи вклучуваат директна финансиска поддршка на невладини организации, како меѓународни, така и локални партнери на групацијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...