Македонија

Трговците со посебни рафтови „Купувам домашно“ за потрошувачите со платежни картички

28 мај 2020

Трговците ќе мора да обезбедат посебно обележани рафтови и гондоли со ознаката „Купувам домашно“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата – корисници на платежната картичка.

Ова го предвидува Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и на вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници. Тие ќе добијат домашна платежна картичка наменета за купување македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. Уредбата е објавена „Службен весник“.

Трговците ќе мора да обезбедат посебно обележани рафтови и гондоли со ознаката „Купувам домашно“ на кои ќе бидат изложени македонски производи. Истото важи и за онлајн-продажбата, каде ќе мора посебно да се издвојат и истакнат македонските производи и услуги. Во спротивно ќе следува глоба во износ од 100 до 500 за микро трговец, од 300 до 1.000 евра за мал трговец, од 1.000 до 3.000 евра за среден  и гоем трговец. Казни од 100 до 500 евра ќе има и за одговорните лица.

Во Уредбата е објаснето и кои производи се македонски: Македонски производи“ се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун.

Дополнително, трговците ќе мора да издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија во фискалната сметка за вкупен промет остварен од македонски производи со текст „промет од македонски производи“, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи.

Кој може да ја добие платежната картичка?

По 9.000 денари еднократна помош  ќе добијат социјалните категории и невработени што остваруваат низок доход, а по 3.000 денари ќе добијат вработени со мали примања, како и средношколци со наполнети 16 години и студенти. Здравствените работници кои тестирале, дијагностицирале или лекувале заболени од ковид-19 ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40 отсто од износот на последната пресметана основна нето-плата.

Според Уредбата, граѓаните што се опфатени со оваа мерка, ќе ја добијат т.н домашна платежна картичка најдоцна на 3 јули, а парите ќе може да ги искористат најдоцна до 31 јули, и тоа само за купување домашни производи кај регистриран македонски производител, освен цигари и алкохол, да обезбедуваат услуги од домашен давател на услуги или да купуваат онлајн-производи од домашната е-трговија.

Нема потреба од пријави и документи

Домашната платежна картичка ќе биде со видливо отпечатена ознака „купувам домашно“, а банката ќе ја достави на домашна адреса на корисникот, со тоа што е неопходна негова потврда дека ја примил.

Парите ќе им бидат префрлени на оние на кои им следуваат според Уредбата. Притоа, никој ништо не треба да прави затоа што има институции што се задолжени да состават листи на податоци. Така, за невработени податоци ќе даде Агенцијата за вработување, за приходите УЈП, за младите – Министерството за образование.

Конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за името и презимето на корисникот и банката издавач на платежната картичка ќе биде објавена на www.kupuvamdomasno.gov.mk

Со картичките ќе може да се плаќа во објекти за сместување, хотели, кампови, ресторани, кафулиња, во трговијата на мало, во аптеките, туристичките агенции, на тезгите и пазарите, фризерските салони и слично.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Пад на извозот од 27,4 отсто во првите пет месеци од годинава

02 јул 2020

„Макпрогрес“ развива регионална академија и центар за иновации со поддршка од ЕБОР

02 јул 2020

Вината на „Тиквеш“ освоија 4 златни медали на „Citadelles Du Vin“ 2020 во Франција

02 јул 2020

Со субвенционирање на плати досега се вработени 1.346 лица

02 јул 2020

Се отвори нов КАМ маркет

02 јул 2020

Детали: Што може да се купи со домашната платежна картичка

02 јул 2020
Вчитува уште новости...