Развојна банка и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објавија условите за кредити наменети за производство, преработка и извоз на земјоделски производи.
Кредитите се наменети за микро, мали и средни претпријатија кои се занимаваат со откуп и извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки.
Добиенита средства компаниите можат да ги искористат средствата за набавка на основни и обртни средства и тоа за: разладни уреди за кондициско одржување на употребливата вредност на производите до нивната продажба; машини за калибрирање и пакување; изградба на нови и купување или модернизација на постоечки објекти за постбербени активности (складирање, кондициско одржување на производите до нивна продажба, калибрирање, пакување) за овошје и зеленчук и собирни центри за млеко; откуп на примарни земјоделски производи наменети за извоз (100% домашно потекло); откуп на преработени земјоделски производи наменети за извоз (100% домашно потекло); амбалажа и етикетирање.
Максимален износ на кредит: до 500.000 евра со фиксна годишна каматна стапка од 2%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.