Комората на сметководителите на Македонија при Сојузот на стопанските комори, обезбеди дигитален пулт за бесконтактно мерење температура и за дезинфекција за Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“.
Дигиталниот пулт е безбеден, прецизен и едноставен за употреба, а влиаје за превенција од ширење вируси и други заразни болести. Опремен е со термални камери, кои му ја мерат температурата на човекот на растојание до еден метар, имаат вграден систем за детекција на лицата и автоматски систем за бесконтактна дезинфекција на рацете. Уредот има капацитет за 600 корисници на час и значително ќе помогне за спречување вируси и бактерии во Институтот, каде што примарни пациенти се децата.
Освен превенција од ширење на Ковид-19, дигиталниот пулт ќе овозможи и висока контрола на здравствената состојба на луѓето што влегуваат во здравствената установа, како и детекција на лицата, со можност да бидат препознаени и со заштитна маска. Подобрувањето на условите, особено во установи, во кои приоритет е заштита на здравјето првенствено на децата, е на врвот на листата на општествените активности на Комората на сметководителите, изјави Бране Попоски, член на УО на Комората на сметководителите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.