Филип Лунески, директор за customer-маркетинг и категори-менаџмент за Европа во „Молсон корс“, ја продолжува кариерата на позицијата директор за стратегии и процеси во „АБ Инбев“ во Њујорк.
„АБ Инбев“ е една од најголемите глобални компании во FMCG-секторот и еден од најголемите светски производители на пиво, чиј бренд е и познатиот Budweiser. Седиштето на компанијата е во Белгија, а Филип ќе ѝ се приклучи на канцеларијата за глобално управување со брендовите, лоцирана во Њујорк. „АБ Инбев“ има седишта и во Сао Пауло, Лондон, Мексико, Јоханесбург и др.
Филип Лунески е професионалец во областите маркетинг и категори-менаџмент. Професионалниот ангажман го почнал во системот на „Кока-кола“ во Србија, каде кариерата ја градел работејќи на некои од најголемите и најуспешните кампањи и проекти, вклучувајќи и персонализација на шишињата Coca-Cola.
Во „Молсон корс“, во чиј состав работи „Апатинска пивара“, преминува во 2014 година, каде што со неговото доаѓање го воведува категори-менаџментот како нов комерцијален сектор во компанијата. Паралелно го води и тимот за трејд-маркетинг во хорека-каналот, со кој постигнува значајни успеси.
Претходните четири години тој беше дел од европскиот тим на „Молсон корс“, одговорен за 11 земји, како и директор за трејд-маркетинг и категори-менаџмент за Европа.
Исто така, беше и на позицијата претседател е на Македонската бизнис-асоцијација во Србија.
Како автор-соработник и говорник на конференции, Филип веќе со години соработува и со регионалните списанија InStore и InHoreca.
Повеќе информации за кариерата на Филип, може да погледнете на неговиот профил на „Линкдин“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.