Македонија

„Пивара Скопје“ со иницијатива за поддршка на угостителските објекти

29 Apr 2020

„Пивара Скопје“ во партнерство со grouper.mk стартува со иницијатива за поддршка на угостителството, кое е меѓу најпогодените сектори од глобалната пандемија.

Под мотото „Бевте тука за нас, сега ние за вас” им помагаме на нашите партнери за полесно да се справат со новите промени и услови во кои се најдоа поради мерките за спречување на ширењето на COVID-19.

За таа цел преку онлајн-платформата Grouper.mk, граѓаните на едноставен начин, со купување на ваучери ќе можат да го поддржат својот омилен ресторан, кафеана и кафе бар. Купениот ваучер ќе може да го искористат кога објектите ќе бидат повторно отворени.

Сега е моментот да покажеме дека сме солидарни и преку купувањето ваучери да помогнеме на што поголем број угостителски објекти и да придонесеме за позитивни промени, соопштуваат од „Пивара Скопје“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...