Македонија

МИК Свети Николе ја заокружува инвестицијата од 1 милион евра

29 Apr 2020

Компанијата МИК Свети Николе денеска ја пушта во употреба новата фотоволтаична централа вредна околу 400.000 евра. 

Со централата, и со добивањето европски извознички број, МИК Свети Николе го заокружува инвестицискиот циклус почнат минатата година, во вкупна вредност од околу 1 милион евра, ни потврди Гоце Трајчев, управител на МИК Свети Николе. 

Фотоволтаичната централа е со ангажирана моќност од 610 kw, со 2.160 панели кои се поставени на постојната кровна површина на објектот. Централата е за сопствени потреби.

Штом се отворат границите, компанијата ќе почне да извезува во Европа, благодарение на добивањето на европскиот извознички број. Тоа значи дека се задоволени условите и барањата за влез и настап на пазарите во земјите на Европската Унија. 

Официјалниот настан ќе почне во 12 часот, а гости се Бранко Азески, претседател на Стопанска комора и Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...