Visa најави дека го поддржува зголемувањето на лимитот до 2.500 денари во Македонија, дозволувајќи им на потрошувачите да плаќаат едноставно со опцијата tap-to-pay со нивната бесконтактна картичка.
Лимитот без ПИН е зголемен за 25% од претходниот износ од 2.000 денари, со што на македонските потрошувачи им е овозможена уште поголема погодност за повеќе секојдневни трансакции.
Бесконтактната технологија го обезбедува најбрзиот, најповолниот и најбезбедниот начин на плаќање и за потрошувачите и за трговците, овозможувајќи едноставни приближи-и-плати плаќања. Со повеќе од 40% од трансакциите во Македонијa, веќе направени со бесконтактно плаќање, зголемувањето ќе продолжи да го подобрува искуството при купување.
Кога потрошувачите плаќаат бесконтактно со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), тие го сакаат непреченото, брзо и безбедно искуство, а и знаеме дека луѓето сакаат да го користат бесконтактното плаќање при купување повеќе од било кога, изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.
Visa најави дека ќе се соработува со трговците на мало и со партнерите за финансиските услуги, за да се спроведат потребните технички промени на продажните места.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.