„Пакомак“ донираше специјални контејнери во Општините Брвеница и Боговиње со цел и во вонредни услови отпадот кој се создава да не заврши на депониите.
И во услови на вонредна состојба, ограничен престој надвор од домот и самоизолација за поголемиот дел од населението, се создава отпад од пакување кој не треба да заврши на депонија заедно со останатиот отпад. Животната средина е неповратен ресурс, и токму затоа и сега а и во иднина треба одговорно да се однесуваме кон неа. Отпадот сеелктивно да го одложуваме, потоа тој да се рециклира, и што помал дел од него да заврши на депонија. На таков начин се заштитува природата, квалитетот на почвата, на воздухот кои се од непроценливо значење за секоја општина, соопштија од „Пакомак“.
Во општина Брвеница се поставени неколку зелени пластични игло контејнери од 1,5 m3 наменети за одложување на стакло, како и сини пластични игло контејнери од 1,5 m3 за одложување на хартија и композит. Исти такви зелени игло контејнери се поставени и во оптина Брвеница, каде исто така се поставени и мали канти за селективно одложување на џебен отпад, посебни за пластика, лименки и комунален отпад.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.