Македонија

Министерството за здравство ги објави компаниите-донатори

09 Apr 2020

Министерството за здравство објави листа на донаторите на опрема и на финансиски средства на наменската сметка за справување со последиците од Ковид-19. 

Голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. На наменската сметка на Министерството за здравство за донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари. Донациите во опрема и добра за вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции. Особена благодарност упатувам за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот, напиша министерот за здравство, Венко Филипче. 

Објавената листа на донатори ги вклучува донаторите кои директно контактирале со Министерството за здравство и имаат потпишано договор за донација, односно имаат веќе донирано добра или средства. На листата се и „Алкалоид“, „Битолска млекара“, „Горска вода“, „Макпрогрес“, „Тинекс“, „Рамстор“... 

Голем број на компании пројавија интерес за донација и истите ќе бидат објавени по реализацијата на донацијата, односно по потпишувањето на договор за донација.  ​

Целата информација можете да ја видите тука



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...