Советот на Град Скопје донесе Одлука да ја намали комуналната такса за фирмите, како олеснување на таксените обврзници што вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини.
Измените на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“ важат почнувајќи од 01.01.2020 година.
Градот ги известува сите таксени обврзници кои сѐ уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година по подолу наведените основи, да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ, како што следи:
Тарифен број 1 |
|
За фирма, односно назив на: |
износ во денари |
а) деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност |
1.300,00 |
б) деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ |
350,00 |
в) деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите |
4.000,00 |
продавници, киосци, деловни единици и слично на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите, |
2.000,00 |
деловни простории на правни лица од комуналните дејности |
2.000,00 |
деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат повремено |
2.000,00
|
Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека уплатениот износ кој ја надминува новоформираната цена за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства, стои во соопштението од Град Скопје.
Во времетраење на вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.