Виничката компанија „Макпрогрес“ вчера донира финансиска помош од 500.000 денари на донаторската сметка на Министерството за здравство за набавка на заштитна и медицинска опрема за болниците.
Воедно, како што е објавено на фејсбук-страницата на Vincinni, компанијата дејствува и локално и регионално, обезбедувајќи ги локалните институции со потребната заштитна опрема: маски, ракавици, скафандери и средства за дезинфекција. Неделава е донирана и храна за СОС Детско село.
Заедно со вработените ги преземаме сите мерки за заштита и остануваме посветени да ги снабдиме потрошувачите со сите наши производи. Остануваме отворени за соработка и за спроведување на други активности, за да ја надминеме оваа здравствено-економска криза. Во овој тежок период сакаме да порачаме дека потрошувачите може да сметаат на капацитетите и одговорноста на домашната индустрија, се наведува на фејсбук-страницата на Vincinni.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.