Владата на синоќешната седница донесе Одлука за промена и дополнување на Одлуката за ограничање на извозот на пченица, наполица (мешавина од пченица и ’рж) и брашно од пченица и наполица.
Според новата одлука, правните и физичките лица што се извозници на брашно од пченица и наполица, во текот на еден месец можат да извезуваат до 70% од вкупно произведеното количество брашно, а 30% да остане за потребите на домашниот пазар.
Ова ограничување, како што информираат од Владата, ќе се спроведува со издавање дозволи од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – ЕХИМ, под име на лиценца Е004 МЕ.
Извозникот на брашно од пченица и наполица пред да поднесе барање за издавање на дозволата, е должен во Министерството за економија да достави доказ (финансова материјална картичка) за вкупно произведеното, како и за продаденото количичество на домашниот пазар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.