Во координација со „Бестфуд ти“, радовишката „Млекара Ѓоргиеви“ донира медицинска заштитна опрема – хируршки ракавици, капи и калјачи.
Донацијата е наменета за болниците: Градска болница „8-ми Септември“ – Скопје, ЈЗУ Клиничка болница – Битола, ЈЗУ Општа болница – Куманово и за ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш. Иницијативата почна вчера, а ќе продолжи и во текот на денешниот ден.
Се надеваме дека и многу други компании ќе ни се приклучат во оваа иницијатива, затоа што колективното здравје е пред сѐ!, порачуваат од „Млекара Ѓоргиеви“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.