Стокови резерви имаме доволно, обезбедени сме за повеќе од шест-седум месеци, но граѓаните треба да знаат дека во овој момент немаме потреба ниту од активирање на механизмот на стоковите резерви, ниту на што било друго, информираше денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата по повод вонредната состојба.
Тој појасни дека транспортот на стоки е нормален и дека можеме нормално, во договор со сите држави од регионот да вршиме набавки на сите стоки што се потребни за широката потрошувачка.
Стокови резерви имаме доволно и во однос на државните стокови резерви меѓутоа и во однос на маркетите и големите трговски центри. Се снабдуваме со секојдневни стоки за широка потрошувачка. Така што во тој дел не треба да се грижат граѓаните. Апел до граѓаните дека нема потреба од создавање залихи дома, да се купуваат непотребно голем број на намирници од маркетите и на тој начин да создаваме навалици и да ја зголемиме опасноста од ширењето на вирусот, туку напротив тоа што имаме потреба да го земеме и да бидеме солидарни, рече Спасовски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.