Прехранбената индустрија е максимално подготвена и се става на располагање на државата. Има залихи од репроматеријали и производи за неколку месеци и очекува навреме да се донесат мерки за набавка на репроматеријали кои се од странство за да нема застој во производството и пласманот на производите до граѓаните. Државата ќе ги ослободи од даноци и царини репроматеријалите за прехранбената индустрија и за производство на маски.
Ова е договорено денеска на средбата на производителите на прехранбени производи, министерите за економија и финансии, како и диркеторите на Царинската управа и Пазарниот инсепкторат.
Имаме доволно залихи од сите производи, зависно од производителите од три и повеќе месеци .Се ставаме во служба на земјата и потрошувачите. Нема потреба од паника и да се купуваат непотребни залихи, изјави Ѓорѓи Петрушев, престседател на Здружението на прехранбената индустрија. .
Тој додаде дека клучно во моментов е да се обезбедат репроматеријали и нивен навремен транспорт.
Ние сега имаме залихи доволни за производство, но предвреме сакаме да набавиме нови за да не дојде до прекин на производството. Сега наш предизвик не е да се произведе, проблем е како да се изврши дотур. Се работат меѓудржавни протоколи и се надеваме дека нема да има застој во транспортот. Но, и да има некаков застој тој нема да се почуваствува и нема да има проблеми, рече Петрушев.
Директорот на царинската управа Ѓоко Танасовски рече дека се контактира со директорите на Царините во регионот и ЕУ.
Ние сме целосно подготвени. Но проблем е транспортот и издавањето на здравствени дозволи за транспортерите. Веруваме дека ќе се воспостави рутина и компаниите ќе можат да ги планираат набавките, а камионите навремено да излегуваат и да влегуваат во земјава. Планираме и автономни мерки за зелен коридор за камионите со храна и репроматеријали за прехранбена опрема и медицински потреби. На линија сме со директорите на царините за тоа, рече Танасовски.
Државата, како што рече министерот за економија, планира да донесе нови мерки околу даночни и царински ослободувања на репроматеријалите.
Извор: Плусинфо
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.