Македонија

Бектеши: Времено ќе забраниме извоз на брашно

18 Mar 2020

Времена забрана за извоз на брашно кон трети земји, формирање на Фонд за туризам за поддршка на туристичкото стопанство, барање до ЗАМП за стави мирувањата побарувањата од рестораните и хотелите се дел од мерките на Министерството за економија за ублажување на последиците од вирусот Ковид 19.

Ова се дел од мерките кои ги промовираше министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес -конференција во Владата заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска, вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска -Бежоска.

На почетокот на оваа недела Владата донесе одлука да ги замрзне цените на основните прехранбени производи со цел да не дојде до ценовни шокови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...