Македонија

„Виталиа“ бесплатно ќе доставува здрава храна за лица над 60 години

16 Mar 2020

„Виталиа“ во следниот период бесплатно ќе доставува здрава храна за лицата над 60 години, соопштија од компанијата.

Критичните периоди во општеството бараат од секој од нас да вложи дополнителен напор и енергија за да им помогне на тие што најмногу им е потребно, односно на најранливите категории. Во случајот со коронавирусот, постарите лица, особено тие над 60 години, треба да внимаваат на своето здравје и да направат сѐ што е во нивна моќ за да го зајакнат имунитетот. Несомнено, и целата заедница, вклучително и помладите генерации, треба да покажат повеќе грижа за своите повозрасни сограѓани, без разлика дали се во прашање најблиските од семејството или соседите, соопштија од „Виталиа“.

Со цел да им го олесни пристапот до здрава храна, компанијата во периодот што следува бесплатно ќе ја доставува до сите што имаат 60 и повеќе години.

Нарачките ќе може да се реализираат преку онлајн-продавницата или телефонски, на бројот 02/3217 177. Доставата ќе биде на товар на компанијата, а плаќањето ќе може да се изврши со картичка или во готово.

Со бесплатната достава е опфатена целата територија на земјава. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...