Техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска ќе го посетат тиквешкиот регион.
Спасовски и Димковски ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово“. Владина делегација ќе присуствува и на приемот, кој по повод празникот на лозарите и виното го организира општина Кавадарци, како и на симболичното закројување на винови насади кое по овој повод ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци.
По традиционалната церемонија на закројување, планирана е заедничка прошетка и посета на изложбените штандови во центарот на Кавадарци.
По повод празникот „Свети Трифун”, покрај традиционалното закројување на лозјата, винарниците кои се дел од туристичка дестинација Тиквеш ќе ги промовираат резултатите од завршените потпроекти поддржани од страна на проектот за локална и регионална конкурентност.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.