Дрогериите dm и годинава традиционално организираа новогодишен караван под мотото „ЗАЕДНО едни за други“ во чии рамки им подарија пакетчиња на деца од три институции во Тетово, Битола и Скопје.
Во акцијата беа вклучени учениците и штитениците од: Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух глас и говор и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Тетово и Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром – дневен центар „Доза среќа“ во Скопје.
Со новогодишни пакетчиња полни со производи од нашите дрогерии и оваа година ја продолжуваме нашата хуманитарна традиција. Покрај Скопје, сакавме да ја прошириме нашата активност и во други градови од земјава, па така одлучивме да вклучиме и институции од Тетово и Битола. Бидејќи при отворање на нашите дрогерии во овие градови дониравме во овие институции, решивме оваа Нова година на децата штитеници од овие центри да им подариме едно убаво празнично изненадување, изјавија од dm.
dm минатата година им додели новогодишни пакетчиња на сите ученици во посебното основно училиште „Златан Сремец“, а дополнително обезбеди и производи потребни за креативните работилници во средното училиште за деца со оштетен слух и говор „Партенија Зографски“ во Скопје.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.