Македонија

Големо истражување на InStore: Трговците избраа 100 ТОП бренда за 2020 година

11 дек 2019

Трговците од Македонија избраа 100 бренда што секоја добро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2020 година. Изборот во нашата држава се прави втора година по ред, во организација на InStore. 

InStore ги објави брендовите во луксузното специјално издание 100 MUST HAVE 2019/2020 што бесплатно се дистрибуира до заинтересираните.

Светските трендови укажуваат дека малопродажната револуција во следните пет години ќе влијае врз човештвото на начин кој досега не сме го виделе. Ако сте бренд, вашиот секојдневен предизвик е да ја задржите довербата што потрошувачот ја стекнал во вас. Ако сте потрошувач, сакате да купите поквалитетно, а за пониска цена. Притоа конкуренцијата е голема, трката исцрпувачка, а борбата за место на полица е немилосрдна. Се надеваме дека преку проектот „100 MUST HAVE“ ќе ви помогнеме и во следната година да направите паметен избор на паметни брендови, соопшти редакцијата на InStore.

Истражувањето беше спроведено и теренски и по пат на телефонска анкета, во периодот август - октомври 2019 година, на примерок од 350 испитаници (трговци) и 1.200 бренда. Изборот на трговците, кој би требало да биде пресуден за компаниите, можете да го видите тука. 

Изборот на 100 ТОП брендови е регионален проект на InStore. Специјални едиции се издаваат и во Србија, Хрватска и во Босна и Херцеговина. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен е првиот „Рептил Special“

25 сеп 2020

„Леона“ лансира „Леона премиум крем“

25 сеп 2020

6 FMCG Summit Скопје на 26 ноември-онлајн и бесплатен за следење

25 сеп 2020

Истражување: Македонските компании не се преоптоварени со бирократија

25 сеп 2020

„Алкалоид“ донираше дезинфекциски средства за студентските и училишните домови

25 сеп 2020

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

25 сеп 2020
Вчитува уште новости...