Со остварен промет од повеќе од 919 милиони денари што претставува раст од 28,2 отсто, dm drogerie markt во Северна Македонија имаше успешна деловна 2018/19 година, соопштија од компанијата.
Во периодот 01.10.2018-30.09.2019-та, dm инвестирала речиси 49 милиони денари (+69,7%), насочени кон отворање на нови објекти во Битола и Скопје како и за модернизација на постоечките продажни објекти.
За континуираниот двоцифрен развој веќе шест години по ред, заслужна е нашата константна посветеност на потребите на купувачите, на чија основа ја креираме понудата на производи и ги унапредуваме услугите. Подготвувајќи се за нови инвестиции и проекти во годината која ни претстои, продолжуваме и понатаму да вложуваме во нашите најважни ресурси-вработените, како основа за иден раст и развој на целата компанија, истакна Весна Стојановиќ, директор на dm drogerie markt во Србија и Македонија.
Понудата на сопствени брендови оваа година компанијата ја збогати со нов премиум бренд SEINZ. Станува збор за производи за нега на мажи, бричење и стајлинг.
Силната поддршка на своите вработени, пазарно атрактивна заработувачка како и многу дополнителни бенефити – две дополнителни плати во текот на годината, бесплатни проширени систематски прегледи како и курсеви по германски јазик и оваа година ја става dm drogerie markt во групата на најпосакувани работодавачи. Во фокус е да создаваме услови за своите вработени во кои секој поединец може да делува одговорно и со сопствената иницијатива да допринесе за целата групација, соопштија од компанијата.
dm drogerie markt e присутен во 13 европски земји со мрежа од 3.668 продажни објекти и со повеќе од 62.000 вработени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.