Мед, прополис и производи од мед од денеска до недела ќе можат да се вкусат и да се купат на штандови поставени на улица „Македонија“ во Скопје во рамки на 15. манифестација „Денови на македонскиот мед“.
Организатор е пчеларското здружение „Матица “ од Скопје, а покровители се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Град Скопје и Општина Центар.
Манифестацијата се одржува под мотото „Козумирајте пчелни производи за убав ден и здрав живот“ и свечено беше отворена денеска, а во следните три дена производителите на мед ќе ги презентираат своите производи пред граѓаните и ќе информираат за благодетите на медот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.