Македонија

„Кока кола ХБЦ“ и Пивара Скопје повторно прогласени за европски лидери во одржлив развој

17 Sep 2019

„Пивара Скопје“, заедно со останатите членки на „Кока кола ХБЦ“ групацијата повторно го освоија првото место во европската индустрија за пијалаци, според остварените резултати во одржливиот развој.

Во годинешното рангирање кое го спроведува „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices – DJSI – водечки глобален стандард за одржливост во бизнисот), ја прогласи „Кока кола ХБЦ“групацијата за најодржлива компанија за безалкохолни пијалаци во Европа. Ова е 6-ти пат во последните 7 години компанијата да се најде на првото место и 9-та година по ред да се рангира меѓу трите најдобри глобални и европски компании за безалкохолни пијалаци.

Максимални оценки во 11 категории и подобрувања во 9 други категории, придонесоа за вкупен резултат од 90 освоени поени, што ја рангираше компанијата на второ место на глобално ниво.

Коментирајќи го постигнувањето, извршниот директор на „Кока кола ХБЦ“, Зоран Богдановиќ изјави: Ние сме почестени и горди што посветеноста на нашите вработени и партнери за одржливи практики повторно вроди со резултат и го добивме ова признание. Свесни сме дека ова е само моментален пресек, а во реалноста работата никогаш не запира и секогаш треба да се направи нешто повеќе. Затоа ние се фокусираме на конзистентната, долгорочна испорака на нашите цели за одржлив развој.

Во текот на минатата година „Пивара Скопје“ продолжи со дополнителни проекти во континуирано вложување и унапредување на системите за управување со енергија и водени ресурси, кои се користат во процесот на производството, како и редукција на тежината на пластичната (ПЕТ) амбалажа со што се намалува нејзиното влијание врз животната средина.

Сите ние во „Пивара Скопје“ сме исклучително задоволни и горди што како членка на „Кока кола ХБЦ“ Групацијата, учествуваме во исполнувањето на заложбите и таргетите за одржливост и на тој начин придонесовме нашата корпорација да го потврди статусот глобален лидер во индустријата за пијалаци. Повторното освојување на првото место во Европа во угледното рангирање на ‘The Dow Jones Sustainability Index’, шесто во последните седум години, е повеќе од обично признание за нашите постигнувања на полето на одржливоста. Тоа претставува дополнителна инспирација за сите нас, со уште поголема посветеност и амбиција да продолжиме да работиме на заштитата на животната средина, на унапредување на безбедноста и здравјето, на одржување на највисок квалитет на нашите производи и на нашите вложувања во заедницата, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин.

Во септември минатата година, „Кока кола ХБЦ“ почна да ги исполнува сопствените заложби за одржлив развој до 2025 година, во шест клучни области: намалување на емисиите на јаглероден диоксид; употреба и управување со водените ресурси; постигнување „Свет без отпад“; набавка на суровини; хранливи состојки; и нашите луѓе и заедниците.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...