Македонија

Нов салон на „Европа“ и „Сковин“

06 Aug 2019

На крајот од јуни во скопската населба Аеродром беше отворен седмиот кобрендиран салон на „Европа“ и „Сковин“ – Wine & Chocolate („Вајн & чоклет“).

Лоциран на булеварот Јане Сандански, бр. 70, зад трговскиот центар „Бисер“, салонот се протега на вкупна површина од 21 м2, од кои 16 м2 се продажен простор. Располага со една наплатна каса, а за услугата се грижат двајца вработени.

Асортиманот на  продавницата се состои од околу 200 производи, односно од комплетниот асортиман на „Европа“ (пакувани и рефусни производи) и на „Сковин“ (наливни и вина во шишиња, ракија).

Салонот дојде како идеја за обединување на двете компании „Европа“ и „Сковин“ под заеднички кобрендинг, кој ќе го понуди најдоброто од светот на слатките задоволства и од светот на неодоливите вина. Двата бренда се застапени во сите поголеми и помали маркети низ Македонија, но преку салоните сакаме да им го понудиме на купувачите задоволството да вкусат свеж производ директно од производствената лента, изјавија за InStore од „Европа“.

Додаваат дека специјализираните продавници се снабдуваат со нови артикли два до трипати во неделата, односно тоа што е изложено е произведено истата недела, што е додадена вредност на овој продажен канал.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...