Зголемен е прометот во трговијата на мало, соопшти Државниот завод за статистика.
Во јуни годинава во споредба со јуни 2018 година, зголемување на прометот е забележано во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,8 отсто, а реално за 7,8 отсто) и со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 5,7, а реално за 5,6 отсто).
Во трговијата на мало со автомобилски горива, прометот е номинално намален за 3,7 отсто, додека реално е зголемен за 1,1 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.