Водата на „Пелистерка“ почна да се продава во специјализираната продавница за кафе „Старбакс“ во Шангај, Кина, информираа од „Пелистерка“.
Карактеристиките на водата ги исполниле строгите кинески критериуми за квалитет. По долготрајни преговори, тестирања и анализи, кинеската влада ѝ даде зелено светло на газираната „Пелистерка“ да почне да го трасира патот кон милионскиот кинески пазар.
Шангај е само почеток. Не застануваме тука, продолжуваме да ги освојуваме и останатите кинески градови и покраини. За секој производител без разлика дали е од мала земја како Македонија или од многу поголема европска земја, кинескиот пазар е предизвик, велат од „Пелистерка“.
По Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, водата на „Пелистерка“ се најде и на полиците на супермаркетите, на масите во кафулињата и рестораните и во Романија, Гермaнија, Естонија, но и во САД и во Австралија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.