Македонија

Ново Lifer пиво на „Кoжувчанка“

20 Jun 2019

Компанијата „Кожувчанка“ на пазарот пласира ново пиво - Lifer пиво, спакувано во ПЕТ амбалажа од 1,25 литри и во стаклена амбалажа од 0,33 литри, со рок на користење од максимум три месеци

Од „Кожувчанка“ велат дека станува збор за вистинско традиционално, непастеризирано пиво приготвено од најдобрите состојки. Создадено е по традиционален рецепт според германскиот закон за чистота на пивото стар пет века. Во својот состав содржи германски јачменов слад и хмељ, без додаток на други житарки, заедно со чиста изворска вода како една од главните состојки. 

Со новото Lifer пиво целта ни е да им го доближиме на уживателите истото искуство, како она во лежната визба на нашата пиварница, вели Јанинка Чупаркоска, генерална менаџерка на „Кожувчанка“. 

Во производството на ова пиво компанијата инвестира 250.000 евра. 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...