Маркетите „Рептил“ во соработка со компаниите „Кола“, „Колид С Тим“ и „Гемак“ донираше по 150 производи од брендовите сокови Buzz, производи Karuzo и Doncafé.
Заедно со останатите донатори, донирани се пакети кои се состојат од храна и средства за лична хигиенa кои oпштината Центар ги доделува на вкупно 150 семејства, кои секојдневно се справуваат со предизвикот како да се прехранат.
Донациите се спроведуваат во рамките на проектот „Нула глад“ кој општината Центар го реализира во соработка со невладината организација „Банка за храна“.
Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозените семејства.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.