Македонија

„Битолска млекара“ со донација го одбележа Светскиот ден на млекото

31 May 2019

 

„Битолска млекара“ донираше пакети со млеко за социјално загрозени семејства, во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на млекото, 1 јуни. 

Млекото беше поделено на повеќе од 200 загрозени семејства од повеќе градови од земјата. Партнер во спроведувањето на акцијата е  здружението на граѓани „Вистински дела на љубезност“, кое од 2013 година работи за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и за поединци.

Одбележувањето на Светскиот ден на млекото е повеќегодишна традиција за нашата компанија, и тоа токму во насока на давање помош и поддршка за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на сите социјално ранливи категории. Оваа година се одлучивме да се солидаризираме со можеби и најзагрозената категорија граѓани и, искрено, се надевам дека нашата помош е во вистинскиот миг за овие семејства, а ние сме уште посреќни доколку успеавме барем малку да им го направиме денот поубав, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во „Бимилк“.

Покрај директната донација за загрозените семејства, „Бимилк“ утре ќе се вклучи и во редовната активност на „Љубезност“ за делење оброци за бездомни лица, која се одржува секоја сабота пред Музејот на Мајка Тереза во Скопје. Компанијата и на овие лица ќе им подели пакети „Битолско млеко“. 

Радува фактот што компаниите сè повеќе се вклучуваат во нашите хуманитарни акции, а уште повеќе што „Битолска млекара“ на комплетно сопствена иницијатива одлучи да ја даде својата солидарност кон овие загрозени семејства. Ние, како здружение, сме во континуирана комуникација со семејствата и свесни сме за неповолната ситуација во која се наоѓаат, така што навистина нè израдува овој несебичен гест. Во „Бимилк“препознавме достоен партнер што искрено ја живее својата општествено одговорна мисија, рече Тони Станковски, претседател на здружението на граѓани „Вистински дела на љубезност“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...