Македонија

Малопродажните цени во април пораснаа за 1,2 отсто

08 May 2019

Индексот на трошоците на животот во април 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.8, а индексот на цените на мало 101.2, објави Државниот завод за статистика,

Пораст на индексот на трошоците на животот во април, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 5.1 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2.3 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 отсто, лебот и житата, другите пекарски производи за 0.5 отсто, алкохолните пијалаци за 0.3 отсто и маслото и маснотиите за 0.2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите прехранбени производи за 0.9 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0.5 отсто, другите преработки од месо, рибата и морските плодови за 0.4 отсто и млекото за 0.2 отсто.

Индексот на трошоците на животот во април 2019 година, во споредба со април 2018 година, бележи пораст од 1.9 отсто, а индексот на цените на мало бележи пораст од 1.3 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...