Македонија

Потрошувачката кошница во март чинела 32.852 денари

19 Apr 2019

На едно четиричлено семејство во март му биле потребни минимум 32.852 денари за да ги задоволи основните потреби.

Според вредноста на минималната кошница, што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу пари или 13.798 денари биле потребни за храна. За комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.414 денари. За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.324 денари, а за превоз 2.154 денари. За облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни активности 1.070 денари.

Во споредба со јануари оваа година, (во февруари Сојузот на синдикати не објавил информации) вредноста на кошницата е зголемена за 91 денар, додека споредено со потрошувачката кошница од март 2018 година, таа за 12 месеци поскапела за 434 денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...