Македонија

„Витаминка“ ги објави финансиските резултати за 2018 година

29 Mar 2019

„Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2018 година оствари добивка во износ од 28.8 милиони денари, што е намалување во однос на претходната година кога добивката изнесувала 34.7 милиони денари.

Тоа го покажува консолидираниот биланс на успех на компанијата за 2018 година, објавен преку Македонска берза. 

Остварените консолидирани вкупни приходи во 2018 година изнесуваат 2,361,280 илјади денари и во споредба со остварените во 2017 година бележат раст од 30 отсто. Во структурата на вкупните консолидирани приходи најголемо учество, 98 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2017 година бележи раст  од 30 отсто.

Остварените консолидирани вкупни расходи во 2018 година изнесуваат 2,426,110 илјади денари и во споредба со остварените во 2017 година раст од 39 отсто.  Растот на вкупните консолидирани расходи е во корелација со работењето во 2018 година.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...