Една од основните причини за порастот, развојот и успехот на „Рамстор“ – Македонија се трудот и поддршката од женскиот персонал.
Според соопштението на „Рамстор“, во текот на 13-те години работење компанијата е пионер во голем број успешни практики во малопродажниот сектор во земјава. Една од нив е еднаквоста на можностите. Стапката на вработени жени во компанијата изнесува 60%, а 40% од вработените на менаџерски позиции се припаднички на женскиот пол. Просечната возраст на вработените во овој динамичен и конкурентен сектор изнесува 33 години.
„Рамстор“ – Македонија создава можности за вработување преку постојано проширување, алоцирање на ресурси и време за поединечен и професионален развој на вработените, овозможувајќи еднакви можности за сите, инвестирање во иднината и создавање безбедна и здрава работна средина, се наведува во соопштението на компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.