Македонија

„Пекабеско“ ја зголеми добивката

07 Mar 2019

„Пекабеско АД“ за периодот јануари - декември 2018 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 119,3 милиони денари, што е за 63,5 отсто повисок од 2017 година, информираат од компанијата преку Македонска берза. 

Во 2018 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на „Пекабеско АД“.

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари - декември 2018 година изнесуваат 4.795,5 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 8,9 отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 97 отсто имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 4,4 отсто.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари - декември 2018 година изнесуваат 4.669,0 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 7,7 отсто.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - декември 2018 година изнесуваат 93,6 милиони денари и кумулативно за шест години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон бруто инвестициите во основни средства достигнаа 472 милиони денари.

Долгорочната задолженост на 31.12.2018 година изнесува 420,5 милиони денари и во споредба со состојбата на 31.12.2017 година бележат намалување од 8,4 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...