На вчерашната свечена манифестација беа доделени наградите во рамките на проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, што го финансира Европската Унија, а го спроведува организацијата „Конект“. Со овие награди се потврдува улогата на компаниите во нивниот долгогодишен придонес во постигнување на целите за одржлив развој.
Наградите им беа врачени на:
Специјално признание, им беше доделено на „Мастер Протекшн“-Подржница Доун фор ју за вработување на лица со пореченост во услужна дејност.
На Церемонијата за доделување на наградите се обратија заменик претседателот на Владата, вицепремиерот за економски прашања г-дин Кочо Анѓушев, раководителот на секторот за соработка на Делегација на Европската Унија,г-дин Никола Бертолини, вршител на должност постојаниот координатор на ООН и претставник на УНИЦЕФ, г-дин Бенџамин Перкс и извршната директорка на Конект, г-а Никица Кусиникова.
Целите за одржлив развој не може да се исполнат ако се насочиме само на едно нешто, само на образование или само кон социјалната политика, туку треба да биде сеопфатно. Затоа централно место во сето ова имаат и компаниите, затоа што се тие работодавачи и тие треба да бидат општествено одговорни и да целат кон тоа заедно со заедницата да градат подобро општество, истакна вицепремиерот, г-дин Кочо Анѓушев.
Никола Бертолини, раководителот на секторот за соработка на Делегација на Европската Унија, посочи дека: Вистинско демократско општество е тоа каде одлуките се носат преку инклузивен меѓусекторски дијалог на граѓанските организации, приватниот сектор и институциите, одговарајќи на барањата на граѓаните и во насока на одржлив развој на општеството во целина.
Како што посочуваат од „Конект, наградените ќе бидат инспиративни примери на бизниси и поединци кои во секојдневното работење докажуваат дека бизнисот може да биде двигател на oдржливиот развој. Повикот за номинирање за наградите беше објавен на почетокот на годината.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.