Македонија

Зголемени трошоците за живот и цените на мало

14 Feb 2019

Индексот на трошоците на животот во јануари 2019 година, во споредба со јануари 2018 година, бележи пораст од 1,2 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0,7%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај безалкохолните пијалаци за 1,4 %, маслото и маснотиите за 0,7 %, другите прехранбени производи за 0,5 % и млекото за 0,2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 7%, свежото и разладеното овошје за 0,9 %, лебот и житата за 0,4 % и месото за 0,2 %.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...