Македонија

„Алма-М“ ги обнови салите на Гинекологија во Чаир

09 Jan 2019

Компанијата „Алма-М“, со поддршка од „Ефтинија импекс“ и „Темпо 99“, издвои повеќе од 6.000.000 денари за целосна реконструкција на гинеколошкиот оперативен тракт на болницата „Мајка Тереза“ – Чаир.

Реновирањето на просторот од 420 м2 се состои од целосна обнова на двете гинеколошки операциони сали и поставување централен довод на гасови во нив, обнова на одделот за интензивна нега и на сите помошни простории.

Гинеколошкиот оперативен тракт е изграден пред 4 децении и оттогаш не бил обновен. Како што наведуваат од специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, реновирањето било неопходно и поради зголемувањето на обемот на работата, односно поради сукцесивното зголемување на бројот на породувања за 10% годишно во последните три години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...