Компанијата „УКА Комерц" ја доби наградата 2018 Visitor choice Award for BEST Booth во избор на посетителите на меѓународниот саем за халал индустрија во Сараево.
Наградени беа поединци и компании кои придонеле за развојот на халал индустријата во регионот.
„Ука Комерц" ја доби наградата за најдобар штанд, по избор на публиката и посетителите.
Во ова е вклучена цела екипа. Со работа може сѐ да се постигне. Халал сертификатот е многу важен бидејќи луѓето сега знаат што е халал. Халал не е само важен во верска смисла, туку значи здрава и чиста храна", изјави Адем Абази, директор на „Ука Комерц".
Наградата за најголем број халал сертификувани производи, повеќе од 900, беше доделена на „АС Холдинг". Добитници на наградата за исклучителен придонес во развојот на халал индустријата во Босна и Херцеговина (БиХ) се Мидхат Јашиќ, Амир Сакиќ и Институтот за стандардизација на БиХ. Наградата за исклучителен придонес за развој на халал индустријата во регионот, со исклучок на БиХ, ја доби претседателот на Мешихатот на Исламската заедница во Хрватска, муфтијата Азиз ефенди Хасановиќ.
„СХФ 2018", организиран од „Bosna Bank International (BBI)" во соработка со Исламската заедница во БиХ и Исламската развојна банка (IsDB), собра учесници од над 40 земји, и околу 100 излагачи од целиот свет.
Во текот на „СХФ 2018", овозможени беа средби на регионалните произведувачи на халал производи од БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Македонија и Албанија, со големи купувачи и дистрибутери од ЕУ, Саудиска Арабија, Турција, Малезија, Бахреин, Либија и Обединетите Арапски Емирати.
Се вчитува следна вест...