Македонија

„Бучен Козјак“ се редизајнираше

14 Sep 2018
Една од најстарите млекарници во Македонија, „Бучен Козјак“, го редизајнираше корпоративниот  идентитет и поголемиот дел од своите производи: јогурт, свежо млеко, кисело млеко и сурутка.
 
Производите со новиот изглед од денес се достапни на полиците во маркетите
 
Се одлучивме за овој радикален редизајн од повеќе причини: задржување и зголемено приближување кон своите купувачи, одговор на естетските преференции на помладите генерации, следење на трендовите на светкиот дизајн на млеко и млечни производи и поместување на стандардите за дизајн на македонските млечни производи, соопштија од „Бучен Козјак". 
 
На процесот на редизајн на „Бучен Козјак" им претходеше модернизација и инвестиција во технологијата на производствениот процес и контрола, кои производите ги доведоа до највисок  квалитет. 
 
Во процесот на редизајнирање влеговме одлучно но и претпазливо, со намера да ја пренесеме јасно пораката до нашите корисници дека сме подготвени за динамиката на сегашноста и идината. Ова не е само редизајнирање на амбалажата, туку нов концепт на размислување, кој е во склад со технологијата и времето во кое делуваме, а со почит кон традицијата и вредностите, - изјави Анита Спасовска, генерален директор на „Бучен Козјак"

Редизајнирањето на „Бучен Козјак" е доказ за високите естетски вредности на македонските производители, што пак се производ од примената на високи стандарди на млекарницата во своето работење и на индустријата воопшто.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...