Во петокот компанијата „Рамстор" – Македонија отвори нов маркет, лоциран на улицата 20 бр. 60, во општина Сарај.
Новиот „Рамстор", кој е 26. на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 450 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 200 м2. За услугата се грижи тим од вкупно 20 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 20 возила.
Како што информираат од „Рамстор" – Македонија, асортиманот на маркетот се состои од 6.000 производи од различни трговски групи, а постојат и посебни оддели за свежо овошје и зеленчук, како и пекарница со топли леб и печива. Содржините на маркетот ќе бидат збогатени и со апарати за домаќинството.
Со новиот маркет во Сарај, синџирот „Рамстор" – Македонија достигна до вкупно 26 маркети во 7 различни града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 22.600 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 690.
Како што откриваат од компанијата, во план е отворање на уште два нови маркети.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.