Македонија

Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче

15 Aug 2018

По анализата на распоредот на „Рамстор" на бул.„Видое Смилевски Бато“ бр. 10А во Ново Лисиче, маркетот беше повторно структуиран во согласност со потребите и очекувањата на купувачите.

 

Ајхан Чалишкан, директор за продажба во „Рамстор" – Македонија, за InStore открива дека ако не се земе предвид планирањето, подготовките траеле приближно 60 дена. Реновирањето било спроведено без да се затвори маркетот и се вршело претежно во ноќните часови.

 

Со реновирањето на одделите за зеленчук, овошје, сувомесни производи, пекарницата и месарницата, се рефлектираше нашата силна страна во групата свежи производи. Освен тоа, беа обновени и сите визуелни елементи. Со користење на најновата технологија за  осветлување и опремата за заштеда на енергија и намалување на трагите од јаглероден диоксид во внатрешноста на објектот, маркетот прерасна во место кое е почувствително кон околината, вели Чалишкан.

 

Тој додава дека во реновираниот маркет, секојдневните и свежите производи се во прв план, а освен зголемувањето на палетата на овие производи, зголемено е и количеството на смрзнатата програма.

Малопродажниот сектор е жив сектор и поради тоа, секогаш се потребни одредени новитети. Во таа насока, внесувањето на новитети во нашите маркети ќе продолжи и во периодот што следува. Планираме одделите во сите маркети да бидат повторно разгледани и обновени, открива Чалишкан.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...