Вината на „Тиквеш", „Домен Лепово", „Стоби" и „Шато Камник" освоија високи награди на меѓународните вински натпревари што се одржаа минатиот месец во Италија и во Словенија.
На натпреварот „Mondial des Vins Extrêmes" во Италија, „Тиквеш" беше наградена со два златни медала за вината Barovo 2015 (црвено) и Barovo 2017 (бело). На истиот натпревар, златен медал освои виното Terroir Vranec 2015 на „Шато Камник". Овој вински натпревар важи за единствен интернационален натпревар, на кој се избираат најдобрите вина од грозје одгледувано во специфични природни услови, како што се голема надморска височина, исклучително стрмен терен и други карактеристики.
На словенечкиот саем „Вино Словенија", кој се одржа во Горна Радгона, црвеното вино Domaine Lepovo Grand Cuvée се закити со шампионска титула во својата категорија. Златен медал освои црвеното тероар-вино Barovo 2015 на „Тиквеш", а со сребрен се закити црвеното вино „Бела Вода 2015". Вината на „Стоби" – R'kaciteli, Veritas и Aminta Cuvèe освоија три златни медали.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.