Македонија

АД Европа освои златен медал QUDAL за квалитет

25 Jul 2018
„Европа" је освои најголем број гласови што ѝ донесе златен медал во категоријата вафли во најновото истражување на пазарот за QUDAL – QUality meDAL General III 2018/2019 година.
 
Компанијата го доби истото признание за највисок квалитет и во 2016 година во две категории Бонбони и Вафли.
 
Истражувањето за QUDAL – QUality meDAL, кое го спроведува меѓународната организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH, го мери исклучиво искуството, мислењето и перцепцијата на корисниците за снабдувачите и производителите кои нудат апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот.
 
Швајцарската организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH во април 2018 година го спроведе наведеното истражување на пазарот QUDAL – QUality meDAL General III Macedonia 2018/2019 преку интернет-анкета.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...