Македонија

Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни

11 Jul 2018

Трошоците на живот во јуни се непроменети во споредба со претходниот месец, а во однос на јуни лани бележат пораст од 1,4%, додека цените на мало се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 2,8% на годишно.

Според објавените податоците од Државниот завод за статистика, кај трошоците за животот во јуни годинава во споредба со претходниот месец е забележан пораст кај свежото и разладеното овошје (4,8%), јаткастите производи, смрзнатото и сувото овошје (0,4%), јогуртот, смрзнатиот зеленчук, освен компирот, и другите коренести плодови (0,3%), сирењето и урдата, конзервираното овошје, шеќерот, џемот, медот, кондиторските производи и другите прехранбени производи (0,2%).

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, и другите коренести плодови (6,7%), компирот (2,2%), рибата, морските плодови, маслото и маснотиите (0,5%).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...