Македонија

Македонија прва според квалитет на услугата

03 Jul 2018
Според истражувањето на агенцијата „Хераклеа" спроведено во соработка со агенциите за тајно купување во регионот, Македонија е на првата позиција во регионот според квалитетот на услугата.
Истражувањето за основните елементи на квалитетната услуга е спроведено од 15 мај до 15 јуни во Хрватска, БИХ, Црна Гора, Македонија, Словенија и Србија. Ова е десетти пат како се спроведува ваков тип истражување.
 
Тајните купувачи посетиле 800 различни објекти, како што се салони за автомобили, банки, бензиски пумпи, малопродажни објекти, супермаркети, продажни места на телекомуникациските претпријатија, туристичко-угостителски објекти и услужни дејности.
 
Тие оценуваа пет елементи на добра и квалитетна услуга, како што се: поздрав, утврдување на потребите/желбите на купувачите, познавање на производите, нудење на дополнителен производ и благодарност за посетата, што одговара на акронимите од англискиот збор GUEST (great, understand, explain, suggest, thank).
 
Македонија оствари најдобри резултати, односно 78,96%. Словенија е на второто место со 75,6%, бидејќи бележи пад од 3,4 процентни бодови, а Србија со 74,7% е подобра за 1,33 процентни бодови од минатата година.
 
Земја која бележи напредок во неколку категории е БИХ со 56,9%, иако заедно со Црна Гора (70,6%), се наоѓаат под просекот за годинава, кој изнесува 71,34%.
 
Категоријата познавање на производот остварила најдобар вкупен резултат од 91,7% и сите земји оствариле еднакво добар резултат поголем од 90%, освен Хрватска која остварила резултат од 87,6% и БИХ, која со резултат од 80,7% бележи напредок.
 
Во категоријата утврдување на потребите/желбите на купувачите Македонија се издвоила како водечка држава со 83%, а категорија во која сите држави оствариле најлоши резултати е нудење на дополнителен производ. Во оваа категорија прва е Словенија со 50%.
 
Од резултатите може да се заклучи дека најмногу се истакнале салоните за автомобили со резултат од 93,1%, но од „Хераклеа" истакнуваат дека и супермаркетите, како и претходната година, бележат напредок во нудењето услуги, а годинава нивниот резултат е 56,7%.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...