Македонија

Собранието ги укина ограничувањата за продажба на алкохол

27 јун 2018

Пратениците вчера со 62 гласа „за" гласаа за измените на Законот за трговија, со кои се укинуваат временските ограничувањата за продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и во малопродажните објекти, кои беа воведени во 2008 година.

Министрите во Владата го прифатија предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за трговија на Министерството за економија на седницата одржана на 8 мај, по што Владата му предложи на Собранието да го укине ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци.

Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските станици. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци, иако Стопанската комора на Македонија, која беше иницијатор на законските измени, бараше и тие да бидат укинати.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...