Македонија

„Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди

13 Jun 2018

Производите на „Млекара Здравје" освоија 5 златни ѕвезди за квалитет и вкус од Меѓународниот институт за вкус и квалитет (iTQi).

Млекарницата го доби престижното признание „Superior Taste Award" со вкупно 5 златни ѕвезди, и тоа: 1 за мешаното сирење, 2 за јогуртот со 2,8% млечни масти и 2 за мешаниот кашкавал, соопштуваат од компанијата.

Меѓународниот институт за вкус и квалитет, со седиште во Брисел, е светска организација посветена на оценување на вкусот и квалитетот на прехранбените производи и пијалаци. Специјално избрани судии од 15 најпрестижни европски кулинарски и сомелиерски асоцијации ги оцениле производите на „Млекара Здравје" како исклучително квалитетни, со одличен вкус, кој остава силен впечаток кај потрошувачите. Производите се оценувале според категоријата, потеклото, нивото на квалитет и вкус, како и според диференцијација во однос на конкурентите. Притоа, секој тестиран производ, бил оценет според пет главни сензорни критериуми (прв впечаток, визија, мирис, текстура, вкус, вкус по проба).

Да се добие вакво признание на најпрестижниот кулинарски натпревар во светот е исклучително признание за „Млекара Здравје". Тоа е потврда дека и во земјава може да создадеме врвни млечни производи, кои ќе бидат конкурентни на светскиот пазар. Ова е признание за целиот тим на млекарницата, кој несебично, макотрпно и континуирано инвестира во сите сегменти од работењето, истакна Кристина Камчева-Стојческа, управител на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...