Регионалниот директор за човечки ресурси во „Атлантик група" Елизабета Мирчевска се закити со наградата најдобар менаџер за човечки ресурси за 2017 година.
Изборот за најдобар HR менаџер, четврта година по ред го спроведува Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), со цел да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси. Наградата значи и промовирање и признание на организацијата која е посветена во интегрирање на успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси, како една од носечките алки во делувањето на компанијата.
Петочлената комисијата за избор на HR менаџер на годината, составена од експерти во областа на човечките ресурси со долгогодишно искуство, одлучи дека Мирчевска треба да ја понесе титулата за 2017 година поради воведување иновативни практики за поддршка и мотивација на вработените во компанијата во која работи, а со тоа и во промовирање на важноста на професијата HR во општеството.
Оваа награда ни е исклучително значајна бидејќи потврдува дека нашите активности за управување со личниот пораст и развој на вработените, освен интерно во „Атлантик група" е препозната и од страна на другите компании во опкружувањето и од стручната јавност. Не само тука во Македонија, туку и пошироко, бидејќи сме мултинационална регионална компанија која своите вредности ги промовира на сите пазари каде што е присутна. Во овој контекст предностите кои им ги нудиме на вработените и фокусот во управувањето на овој ресурс придонесува да се подигне стандардот, но и да се следат светските трендови во управувањето со човечки ресурси, изјави InStore Елизабета Мирчевска.
Таа додаде дека практиката за управување со човечки ресурси на „Атлантик група" е веќе препознена и во светски рамки, за што сведочи признанието од глобалната организација „HRO Today" во Даблин, доделено на извршната директорка за човечки ресурси во „Атлантик група", Мојца Домитер.
Наградата најдобар HR менаџер на годината на Мирчевска ѝ беше доделена во рамките на 10-та јубилејна Меѓународна конференција за човечки ресурси, во организација на МАЧ
Се вчитува следна вест...